| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ уште се трага по лицето што пукаше по вториот човек во Разузнавање

agencija za razunavanje

Сѐ уште се трага по лицето кое пукаше кон возилото на заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање. Од полицијата изјавуваат дека веќе има осомничени, но повеќе детали не откриваат. Лицето кое пукало поради кавга за предност на минување побегнало во правец на селото Сингелиќ.

Повредени во инцидентот нема, а ниту пак е оштетено возилото на вториот човек на Разузнавање.

Според неофицијалните информации кои ги пренесува порталот, причина за инцидентот кој се случи вчера попладне близу гробиштата во скопски Сингелиќ, било првенство на минување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top