| четврток, 6 декември 2018 |

Тајфунот Хаијан усмрти над 100 лица

Тајфунот „Хаијан“ опустоши делови од Филипините и се движи во правец на Виетнам. На Филипините загинаа најмалку сто лица, а  речиси целосно е уништен гардот Таклобан на централниот филипински остров Лејте. Властите на Таклобан, град со 220.000 жители, соопштиле дека најголемиот дел од населнието било евакуирано навреме, поради што и нема поголем број човечки жртви. Биле евакуирани над еден милиони лица, а уште 14 милиони жители на 37 провинции биле предупредени на можна евакуација.

„Хаијан“, кој е проследен и со поројни дождови, покрај големиот број разурнати куќи и откорнати дрвја и електрични столбови, предизвикал и поплави и лизгање на земјиштето.

Haiyan was packing maximum sustained winds of 275 kilometres per hour (kph) and gusts of up to 250 kph as it neared the Philippines, the weather bureau said.

Според новинската агенција ДПА, во погодените подрачја во тек е акција на филипинската армија за пронаоѓање на телата на загинатите лица. Претставник на филипинската влада изјави дека засега не може да го соопшти точниот биланс на жртвите, додавајќи дека податоците за загинати што пристигнуваат од локалните власти се „вознемирувачки“.

Ветерот во центарот на „Хаијан“, кој е еден од најсилните тајфуни што кога и да било ги погодил Филипините, достигнуваше брзина и до 315 километри на час.

Тајфунот денеска се движи кон Виетнам и Лаос. Филипините годишно ги погодуваат околу 20 бури, а многу од нив предизвикуваат бројни жртви и големи штети. „Хаијан“ е 24 бура што ја погоди земјата од почетокот на годинава.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top