| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнала пред 9 години, ја пронајдоа со сопруг и три деца (видео)

slika isceznataИсчезната девојка е пронајдена по девет години потрага. Се работи за Кони Лин Мекалистер која исчезнала во 2004 година кога имала 16 години.  Исчезнала од родното гратче Восо во Висконсин. Таа денес живее во Мексико со сопруг и три деца.

– Би било сјајно до Денот на благодарноста да ја донесеме дома –  изјавиле членовите на нејзиното семејство, но и заедницата во која пораснала како претставничката на локалната Лутеранска црква која веќе собира пари за семејството на исчезнатата.

Младата Кони Лин раскажала дека на денот на исчезнувањето со момчето отишла на забава и претпоставува дека таа вечер некој нешто ѝ ставил во пијалакот. Сепак, целата приказна за нејзиното исчезнување многу нејасна бидејќи на полицајците прво им рекла дека своеволно заминала со тогашното момче, а нејзината мајка потврдила дека неколку дена после исчезнувањето се слушнала со ќерка ѝ која преку телефон потврдила дека е добро, но не сакала да ѝ каже каде е. Кони на почетокот на есента ѝ се јавила на полицијата во своето родно гратче, а нејзиниот идентитет е потврден после разговор со неа на Скајп. Исчезнатата сега ги чека сите неопходни документи за да може со своите деца, мексикански државјани, да влезе во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top