
Организацијата Обединети Македонски-Американци од Детроит (ОМАД), на својот четврти годишен собир, организираше собир на кој се обезбедија донации за четири школарини за Македонци од САД и од Македонија.
– Целта на нашата организација, формирана пред четири години, е да се промовира соработката меѓу црковните организации на околу 125.000 Македонци колку што сметаме дека живеат во околината на Детроит. Воедно, ние сме и хуманитарна организација и соработуваме со две сиропиталишта во Битола и во Скопје и правиме што можеме да им помогнеме со донации, изјави Том Бајоф, бизнисмен од Детроит, претседател на ОМАД која го организираше собирот во црквата Свети Климент Охридски во Дирборн во Детроит.
На вечерата му било доделена и благодарница на амбасадорот на Македонија во САД Зоран Јолевски. Во благодарницата се истакнуваат напорите на амбасадорот Јолевски за обединување на Македонците во САД и за промовирање на македонската традиција, култура и обичаи.
Ова е четврта ваква вечера на која стотици Македонци од околината на Детроит се собираат да обезбедат средства за хуманитарни цели.
ОМАД обезбеди школарини за Ешли Несторовска и Владимир Мадик, македонски студенти од САД, како и за Стојанче Андов и Драган Стефановски, студенти од Македонија.
На вечерата се обратил и Андов, кој студира теологија во духовната академија Света Троица во сојузната држава Њујорк.
– Нашата цел е да ги продолжиме програмите за школарини, за помош на домовите за деца без родители, собирање книги за потребите на Македонија. Младиот Стојанче Андов даде навистина прекрасен осврт на својот живот, кој го започнал токму во еден од овие домови за деца без родители. Цел на овие средби е и нашите деца да научат што е можно повеќе за Македонија и да останат поврзани со родната земја, во соработка и со Македонската студентска организација од Детроит, изјави Бајоф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доделување стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии
-
Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради 145 училишни спортски сали, доделуваше стипендии и воведе спортска пензија
-
Детроит го изненади Торонто на домашен терен, Кармело Ентони го победи Сан Антонио (видео)
-
Доделени 95 стипендии на првиот конкурс за студенти по математика, физика и хемија


