Бразилското правосудство го замрзна имотите во вредност од 26 милиони американски долари коишто им припаѓаат на компаниите „Alstom” и „Siemens”. Причина е сомнежот за корупција на тендерите за изградба и одржувањето на подземната железници во Сао Паоло.
Според тамошното правосудството всушност е замрзнат имотот на пет лица, меѓу кои тројца се поранешни директори на сообраќајната компанија во Сао Паоло и на три претпријатија, од кои за две постојат сомневања дека служеле за малверзации.
Во соопштението не се наведува за кои претпријатија станува збор, меѓутоа се споменува аферата како „случајот Alstom-Siemens”.
На почетокот од август годинава бразилското обвинителство покрена истрага за наводно недозволени договори на мултинационалните компании за изградба и одржување на подземната железница во Сао Паоло во периодот од 1999 до 2009 година.
Според бразилските медиуми, германската компанија „Siemens” и француската „Alstom”, како и шпанската CAF, јапонската „Mitsui” и канадската „Bombardier” основале картел за да се договараат за износите на своите понуди на различни тендери
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


