Клиниката за ортопедија незаконски му врачила отказ на ортопедскиот хирург Тодор Ношпал. Ваква одлука донел аплеациониот суд во Скопје кој ја потврди ја пресудата на скопскиот Основен суд 2. Ваквата информација за Фактор ја потврдил д-д Ношпал. Пред година и пол клиниката му врачи отказ бидејќи наводно издавал злужбени тајни и ја повредил работната дисциплина, со тоа што во јавноста открил дека тешко болна пациентка не добива ортопедско помагало поради бирократски процедури. Сега д-р Ношпал вели дека клиниката треба во рок од 8 дена да го повика на работа.
– Според пресудата клиниката мора да ме врати и тоа на истата раководна позиција на која што бев, шеф на оддел. Но јас уште од понеделник ќе отидам во клиниката за да видам што се случува, бидејќи иако во меѓувреме имам нов ангажман во приватна здравствена установа, размислувам и да се вратам на работа на клиниката – вели Тодор Ношпал, ортопедски хирург.
Доктор Ношпал додава и дека за него ова е голема морална сатисфакција и доказ дека работел чесно според Хипократовата заклетва и според законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.