
Специјалното обвинителство на Косово денеска покрена обвинение против 15 лица, членови на „Групата од Дреница“, обвинети за воени злосторства врз цивилно население, апсење, малретирање и нечовечко однесување врз лица во центар на ОВК во Ликовац, во близина на Скендерај во 1998 година.
Според соопштението на ЕУЛЕКС, кое го пренесуваат косовските медиуми, обвинителниот акт е покренат во Основниот суд во Косовска Митровица од страна на меѓународниот обвинител, Маурицио Салустро.
Меѓу обвиниетоте е Сулејман Селими, поранешен Командант на Генерал штабот на ОВК, познат под псевдонимот „Султани“ (Султан). Селими по косовската војна беше Командант на безбедносните сили на Косово, додека минатата година Хашим Тачи го именува за прв косовски амбасадор во Албанија и тој иако повеќе од шест месеци е во притвор се уште официјално е на истата функција.
Меѓу обвинетите е и претседателот на општина Скендерај, Сами Љуштаку.
Со подигањето на овојобвинителен акт, овој случај е трет високо профилиран случај за воени злосторства подигнат од страна на ЕУЛЕКС, од почетокот на мисијата во 2008 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


