| четврток, 6 декември 2018 |

33 метарски крст во Аеродром – советот на општината го прифати предлогот

krst

Советот на општина Аеродром вечерва донесе одлука да се отстапи простор за изградба на 33 метарски крст. Одлуката е донесена со 17 гласови за, на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, додека советниците од СДСМ гласаа воздржано. Предлогот помина без дискусија од советничките групи. Точката за изградба на крст беше вметаната во дневниот ред како дополнителна, при што не беше образложена од отсутниот предлагач – Светскиот македонски конгрес, чиј претседател е Тодор Петров, кој пак е вработен во општината Гази Баба.

Во одлуката се вели дека општината отстапува простор за изградба на времен објект со културна и верска содржина.

Свестскиот македонски конгрес смета дека е добро во општината Аеродром да се постави крст со големи димензии бидејќи „99 отсто од населението е христијанско“, а локацијата, на крстосницата на булевар „Србија“ со Трета македонска ударна бригада ја смета за поволна, бидејќи крстот со димензии од 33 метри, „ќе се гледа и од Гази Баба и од Чаир и од Кисела Вода“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top