| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Ќазим Османи и Ана Николиќ фатени на дело

ana-nikolic-cazim-osmani

Српската пејачка Ана Николиќ во медиумите упорно ја пласира приказната дека не го познава контроверзниот албански бизнисмен Ќазим Османи. Но, српски „Курир“ дошол до фотографија која недвосмислено го демантира сето она што пејачката го пласира во последните три месеци, откако добила ќотек од неговата свршеничка Манда Поповиќ.

Ана и Ќазим на 25. септември заедно, со уште еден пријател, пристигнале во циришкиот клуб „Деи Деи“, кој го држи Албанецот Бурим Рамо и кој таа вечер славел роденден. Тие се појавиле околу еден часот по полноќ и останале до фајронт.

Имено, Ана на 21. септември настапувала во познатата дискотека „Елит “ во Цирих, која се наоѓа само 500 метри од клубот „Деи Деи“. Изгледа дека поради дружењето со Ќазим останала во Швајцарија уште некој ден.

– Ана и Османи цело време седеле еден покрај друг и биле многу блиски. Си шепкале на уво, се смееле, а на нивната маса се точело скапо шампањско. Ќазим во еден момент извадил 300 швајцарски франци и и ги дал на Ана, која со тие пари закитила една од танчарките. Таа уживала во заедничките моменти со него – открива соговорник за „Курир“.

ana-nikolic-cazim-osmani1

Кога од редакцијата на „Курир“ ја контактирале Николиќ и и рекле дека имаат фотографија која ги демантира нејзините наводи дека не го познава Османи, пејачката замолчела, а потоа рекла: „Можете ли да ми се јавите малку подоцна, имам втора линија.“ На прашањето зошто не дава одговор на прашањето пред да се јави на втората линија, таа признала: „Зашто не давам изјави сама.“

Откако ѝ се јавиле малку подоцна, Ана се уште делувала збунето поради фотографијата од нејзе и Ќазим.

– Па ете! Во таа пригода и се запознавме! Тоа беше приватна забава и не знам кој воопшто ви ги дал тие фотографии. Бев ангажирана да отпеам неколку песни. Беше големо друштво и во таа прилика се запознавме! Конечно се сретнав со тој фамозен Феликс! Тогаш кога зборував дека не го познавам навистина не го познавав. Разговаравме за се и мислам дека тој е еден добар човек – рекла Ана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top