Сити во вторникот на „Итихад“ го декласираше сосавот на ЦСКА Москава (5:2) во четвртото коло од Лигата на шампионите и со тоа за прв пат во клупската историја обезбеди пласман во осминафиналето од натпреварувањето.
„Среќен сум поради успехот, посебно поради тоа што ова не ни одеше претходните две години. Уште поважно е што обезбедивме напредок на две рунди пред крајот на групниот сегмент“, вели чилеанскиот фудбалски стручњак.
„Ја остваривме првата цел за сезоната. Имаме силна екипа и ќе видиме до каде ќе можеме да дотуркаме. Секако при извлекувањето на осминафиналните двојки нема да му биде мило на оној кој ќе не „добие“, додава Пелегрини.
„Граѓаните“ имаат можност да ја поправат својата игра во Премиер лигата, затоа што во моменов го заземаат петтото место во вкупниот поредок на домашното првенство со 19 бодови, шест помалку од водечкиот тим, Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.