Ќе одговараат ли по четврти пат браќата Ѓоргиевски пред лицето на правдата како платени убијци на старецот од Ореше, а гастербајтерот Ѓоре Петровски како нарачател на убиството?
Апелациониот суд во Скопје ја укинал ослободителната пресуда за сите тројца и го вратил предметот на повторно судење во Велес.
Оваа информација експресно се шири по медиумите, но официјално соопштение од судот, се уште нема . Адвокатите кои го водат предметот, се во неизвесност. Судот не им испратил официјална потврда .
Предметот Ореше се уште не пристигнал во велешкиот суд . Претседателот на судот , Јордан Лазаров во телефонски разговор за Сител тврди дека се работи за дезинформација.
Официјални и точни информации очекуваат од понеделник .
74 годишниот Лазо Милошевски беше убиен во 2005. Судскиот процес против Ѓеоргиевски и Петровски трае веке 5 години. Две пресуди со затворски казни од 12 години заработија тогаш обвинетите. Со третата, донесена во март годинава истите беа ослободени од вина.
Токму судијата Иле Танев кој ги објави пресудите, беше уапсен и осуден во Ликвидација . Ја злоупотребил положбата и примил мито за да овозможи да се укине притворот на заштитениот сведок Бреза, кој во друг предмет бил обвинет за разбојништво.
Пресудено им беше и на адвокатите, истражен судија, но и на новинарот Кежаровски кој во текст објавил информации за идентитетот на заштитен сведок.
Судски пресуди беа изречени неколкупати , но мотивите и вистинските убијци на Лазо Милошевски остануваат мистерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.