| четврток, 6 декември 2018 |

Судењето „Ореше“ започнува по четврти пат

veles

Во Основниот суд во Велес денеска пристигна одлуката на Апелациониот суд, случајот “Ореше” по четврти пат да се врати во судницата.

Како што пренесува Плусинфо, случајот по четврти пат ќе го води судиката Тања Милевска.

За потсетување, во случајот им се суди на браќата Љупчо и Ордан Ѓорѓиевски за платеното убиство на велешанецот Лазо Милошевски од селото Ореше.

Засега не е познато на кој датум повторно ќе започне судскиот процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top