| четврток, 6 декември 2018 |

Божиновски поднел жалба на одлуката за екстрадиционен притвор

zoran bozinovska11

Зоран Божиновски се жали на одлуката на Вишиот Суд во Нови Сад наредните 40 дена да ги помине во екстрадиционен притвор. Информацијата за Press24 ја потврди портпаролката на Судот, Светлана Томиќ Јокиќ.
„Бранителот на Божиновски вложи жалба на одлуката за екстрадиционен притвор која надлежниот судија му ја одреди утрово, нешто по полноќ.

Божиновски бил уапсен во станот во кој престојувал во Нови Сад. Според неофицијални информации српските полицајци му заѕвониле на врата и го привеле.

Неофицијално, при приедувањето, кај него биле пронајдени и два компјутери и неаква документација. Нема информации што имало во компјутерите ниту пак меѓу документите.
Денеска МВР и официјално потврди дека Божиновски е во екстрадиционен притвор, откако вчера, истражниот судија во Нови Сад решил тој да остане зад решетки во наредните 40 дена. МВР веќе го известило македонското Министерство за правда кое треба да ја почне постапката за екстрадиција. Полицијата нема информации, дали освен македонскиот, Божиновски поседува и српски пасош.
Кривичната ријава за случајот Шпион го товари за повеќе кривични дека, меѓу кои и злосторничко здружување и уцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top