| четврток, 6 декември 2018 |

Жалбата прифатена, ФИФА го ослободи Меси

Лионел Меси, сепак, ќе игра за Аргентина во идните средби на квалификациите за Светското првенство во Русија идната година. ФИФА денеска ја прифати жалбата на најдобриот светски фудбалер по изречената суспензија од четири средби.

Меси беше казнет поради критики кон судиите по натпреварот со Чиле, и тоа со одлука на Дисциплинската комисија иако арбитрите го немаа наведено тоа во својот извештај.

Ова значи дека Меси ќе може да ја предводи својата репрезентација на последните четири средби од квалификациите, против селекциите на Уругвај, Венецуела, Перу и Еквадор.

Аргентина моментно се наоѓа на петтото место во квалификациите за СП 2018, зад Бразил, Колумбија, Уругвај и Чиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top