| четврток, 6 декември 2018 |

Десет натпревари суспензија поради брутален лизгачки старт (видео)

Минатиот викенд играчот на францускиот тим Сошо Томас Гурбер ја заврши сезоната, откако по лизгачкиот старт на младиот 19-годишен фудбалер од Сент Етјен Курт Зума му ја скрши ногата.

Младиот Зума кој е на мета на англиските тимови Тотенхем и Челси, денеска доби суспензија од десет натпревари не играње.

Некои велат дека казната е престрога со оглед дека Зума прво стигна до топката по што го собори Гурбер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top