| четврток, 6 декември 2018 |

Кога каузата е поважна од суетата

nenad mircevski2

Ненад Мирчевски

Го од­би пре­тсе­да­те­лот Ѓорге Ива­нов, го отка­чи по­ра­неш­ни­от ли­дер на опо­зи­ци­ја­та Бранко Цр­вен­ков­ски, а по­тоа и не­го­ви­от нас­лед­ник Зоран За­ев, но не­ма­ше ср­це да го од­бие пре­ми­е­рот на Ал­ба­ни­ја, Еди Ра­ма. Мен­дух Та­чи овој пат го жр­тву­ва­ше ими­џот на пар­ти­бреј­кер за „брат­ска“ ве­че­ра со сво­јот лут ри­вал Али Ах­ме­ти за атер на го­сти­нот од Ти­ра­на. Де­та­ли­те за те­ми­те на кои ди­ску­ти­ра­ле оста­наа тај­на, но не е те­шко да се прет­по­ста­ви де­ка на пр­во ме­сто би­ло ал­бан­ско­то пра­ша­ње во кон­текст на слу­чу­ва­ња­та во ре­ги­о­нот.

Се­пак, де­та­ли­те од „тај­на­та ве­че­ра“ овој пат не се тол­ку важ­ни за­тоа што лек­ци­ја­та од оваа сред­ба за по­ли­ти­ча­ри­те од ма­ке­дон­ски­от блок е мно­гу ед­но­став­на, па тој што са­ка мо­же мно­гу лес­но да ја на­у­чи. Та­чи и Ах­ме­ти по­ка­жаа де­ка во ин­те­рес на ал­бан­ска­та ка­у­за зна­ат да ги за­ко­па­ат се­ки­ри­те, да за­бо­ра­ват на су­е­та­та и да си ги про­стат си­те отров­ни стре­ли што прет­ход­но си ги упа­ти­ле. Кол­ку и да не им се до­па­ѓа тоа на Ма­ке­дон­ци­те и на дру­ги­те бал­кан­ски на­ро­ди, мо­ра да се приз­нае де­ка ва­кви­от при­стап кон ка­у­за­та им ги до­не­се нај­го­ле­ми­те ус­пе­си на Ал­бан­ци­те во ре­ги­о­нот во нив­на­та исто­ри­ја.

Во исто вре­ме, по­ли­тич­ки­те пар­тии од ма­ке­дон­ски­от блок не се ни бли­ску до кон­сен­зус за кое било важ­но на­ци­о­нал­но пра­ша­ње, вклу­чу­вај­ќи го и нај­гор­ли­во­то – спо­рот со Гр­ци­ја за име­то на др­жа­ва­та и це­ли­от па­кет што го со­др­жи овој проб­лем,  ме­ѓу дру­го­то и иден­ти­те­тот на на­ци­ја­та.

Дел од ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка ели­та не са­мо што не­ма слух за тол­ку по­треб­но­то единс­тво, ту­ку на­ста­пу­ва­ат ка­ко по­го­ле­ми Гр­ци од Гр­ци­те и пра­ват по­ве­ќе ште­та откол­ку што при­до­не­су­ва­ат за ма­ке­дон­ска­та ка­у­за. Свес­но ги ос­ла­бу­ва­ат по­зи­ци­и­те на вла­ста це­неј­ќи де­ка ќе ги до­би­јат сим­па­ти­и­те на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца и на тие што би са­ка­ле да ја ви­дат зем­ја­та во ЕУ и во НА­ТО, бу­квал­но, по се­ко­ја це­на. Ток­му та­ков е и ми­на­то­не­дел­ни­от пред­лог на пре­тсе­да­те­лот на Ли­бе­рал­на­та пар­ти­ја Ивон Ве­лич­ков­ски, кој пред­ло­жи да се за­бра­ни со за­кон зна­ме­то со сон­це­то од Кут­леш за да им се по­ка­же­ло до­бра вол­ја на Гр­ци­те. Мо­же ли не­кој да по­со­чи ал­бан­ски по­ли­ти­чар што би пред­ло­жил да се за­бра­ни со за­кон упо­тре­ба­та на ал­бан­ско­то зна­ме во Ма­ке­до­ни­ја за­тоа што тоа ги ири­ти­ра­ло Ма­ке­дон­ци­те?

Уште еден по­ра­зи­те­лен факт што го уви­дов­ме из­ми­на­та­та не­де­ла е де­ка стран­ски по­ли­ти­ча­ри, при­ја­те­ли на ма­ке­дон­ски­от на­род  (ка­ко сло­вач­ки­от ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти Ми­рос­лав Лај­чак, кој приз­на де­ка од­но­сот на ЕУ кон зем­ја­ва е фру­стри­рач­ки) по­ре­ал­но ја пре­поз­на­ва­ат не­прав­да­та што се вр­ши врз Ма­ке­до­ни­ја од  тие на кои ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни им ја да­ле до­вер­ба­та да ги бра­нат нив­ни­те ин­те­ре­си.

Ма­ла на­деж де­ка дел од опо­зи­ци­ја­та поч­ну­ва да го ме­ну­ва при­ста­пот кон ова пра­ша­ње се па­три­от­ски­те на­ста­пи на ли­де­рот на СДСМ Зо­ран За­ев, кој во пос­лед­но вре­ме фра­за­та „ви­тка­ње кич­ма“ ја за­ме­ни со ста­вот де­ка не­ма ме­ну­ва­ње на име­то по се­ко­ја це­на, па ду­ри и ги отфр­ли пос­лед­ни­те пред­ло­зи на по­сред­ни­кот ка­ко не­при­фат­ли­ви. Ве­лам „ма­ла“ за­тоа што ќе би­де мно­гу те­шко чо­ве­кот што еден ме­сец по ло­кал­ни­те из­бо­ри се по­ка­ја за ко­а­ли­ци­ја­та со ВМРО-ДПМНЕ во Ки­че­во и во Стру­га со образ­ло­же­ние де­ка па­три­о­тиз­мот не им при­ле­га на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, се­га да го убе­ди на­ро­дот де­ка е искрен во на­ме­ра­та да ги од­бра­ни име­то и иден­ти­те­тот на Ма­ке­дон­ци­те.

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top