| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан Полјак заспал на улица и се разбудил во мртовечница

budenje mrtovecnica

Полјакот Михалски бил пронајден онесвестен на клупа во градот Пјотрков. Кога дошла брза помош, болничарите констатирале дека нема пулс и го однеле во мртовечница.

Неколку часови потоа, Михалски се разбудил затворен во вреќа и почнал да вика. Успеал да се симне од мртовечката маса и да се извлече од вреќата.

– Се сеќавам само дека седев на клупа, а потоа се разбудив во мртовечница. Некој ќе ми плати за тоа зашто сега имам ноќни мори. Сонувам како лекарите ме сечат и не сфаќаат дека сум жив и дека не ми треба аутопсија – раскажал тој.

Михалски ќе ја тужи болницата, која, пак, ги брани болничарите дека само си ја вршеле работата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top