
Наставник од тетовското село Требош завчера бил пријавен во полиција откако, според пријавата, му ја удрил главата на 11-годишен ученик од клупа.
Случајот во полициската станица Групчин го пријавил таткото на детето. Насилството се случило во Основното училиште „Фан Ноли“ во село Палатица. Претходно, таткото го однел синот на лекар.
Според пријавата, наставникот го фатил ученикот за главата со двете раце и му ја удрил од клупата. Детето се здобило со видливи повреди на десното око.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


