| четврток, 6 декември 2018 |

Топ 10 потези во Лига на Европа – бразилските ножички ги „скинаа“ мрежите на Фиорентина и Стандард (видео)

Бразилците Де Оливеира и Алан постигнаа прекрасни голови со ножички за Пандури против Фиорентина, односно за Салцбург против Стандард, со што заслужено се на врвот на листата со десет најдобри потези од вчерашните натпревари во Лигата на Европа.

Број 1 и за нијанса поатрактивен е ударот на Де Оливеира од петнаесетина метри. Ретко виден гол на европските терени.

Број 2 – Алан од Ред Бул Салцбург, со третиот погодок против Стандард

Број 3 – Проектилот на Александру од АПОЕЛ против Бордо

Број 4 – Вистинско торпедо на Крамариќ од Риека против Лион

Број 5 – Мајсторски слободен удар на Пероти од Севилја против Либерец

Број 6– Повторно од слободен удар, но од поинаква позиција, гол на Јармоленко за Динамо Киев против Тун

Број 7 – Лобот на Ицаки од Макаби Тел Авив против Ајнтрахт Франкфурт

Број 8 – Головите на Валенсија против Сент Гален. „Лилјаците“ 3 пати на атрактивен начин ја погодија мрежата на Швајцарците

Број 9 – Ламела од Тотенхем, со прекрасен слалом изнуди пенал за тимот од Лондон, што потоа Дефо го претвори во предност од 2-0 против Шериф Тираспол.

Број 10 – Двата погодоци на Дњипро против Пакош Фереира. Вреди да се погледне асистенцијата на Федецки во жонглерски стил и прецизниот удар на Конопљанка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top