Новинарот Зоран Божиновски, еден од осомничените во случајот „Шпион“ вечерва е уапсен во Нови Сад, Србија.
Како што дознава „Република“, тој пред малку бил приведен, а за информацијата телефонски било известено и македонското МВР. Божиновски е изведен пред надлежниот судија по што ќе следи официјална идентификација.
Потоа, според процедурата МВР треба да добие и писмено известување и да ја започне процедурата за екстрадиција.
По барање на Судот, по новинарот Божиновски беше распишана меѓународна потерница, а истражен судија му одреди мерка притвор во отсуство. Министерката Јанкуловска неодамна изјави дека во ваков случај МВР ќе инсистираме лицето да биде испорачано во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.