Охриѓанецот Дејан Лескароски, дел од фудбалскиот тим „Пелистер“ ја овековечи својата љубов со сограѓанката Ивана. За специјалната интернет страница засвадби „Во бело“, Ивана ја раскажа судбоносната средба помеѓу нив двајца.
– Се викам Ивана а, мојот сопруг се вика Дејан Лескаровски. Нашата љубовна приказна започна на 1-06-2010 година. Се запознавме на мошне чуден начин. Мојот сопруг е професионален фудбалер и за време на сеззонската пауза си беше дојден во Охрид. Но како спортист тој редовно ја одржуваше својата кондиција со трчање, а исто и јас. И како што бива во приказните, еден ден трчајќи по истата патека, јас се сопнав и паднав врз него. И така се започна, од тој ден ние сме две во едно. Функционираме совршено, а јас сум негов најголем фан на сите утакмици – вели Ивана.
Таа додава дека нивната свадба со 400гости, била и традиционална и модерна, а повеќето фотографии може да ги погледнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Невеста место завети, на глас ги прочита пораките од зетот за љубовницата
-
Се огласи невестата-бегалка: Свекорот пијан ми рече да си одам, трудна завршив во Брза помош
-
Не зборувајте со невестата, носете само коњски реп: Гостите добиле листа со 10 правила за присуство на оваа свадба (ФОТО)
-
Дошол да бара невеста, не му ја дале, па извадил пиштол