| четврток, 6 декември 2018 |

Кили е во депресија и видно растројство

Владимир Данаилов, адвокатот на Кирил Поп Христов-Кили, ги добил наодите од Клиничкиот центар кои покажуваат дека поради влошената здравствена состојба, актерот западнал во депресија и е видно растроен.

Како што пренесува порталот Плусинфо, Данаилов денеска ќе оди во посета на актерот, откако ги земал наодите кои како што вели се многу лоши.

– Наодите се исклучително лоши и со лоша прогноза, колку што можев да разберам, му се препорачува итна хируршка интервенција, но за која поради сложеноста, нужно е да се направат дополнителни иследувања со магнетна резонанца и скен на коски. Во текот на оваа недела и во почетокот на другата недела, иследувањата по пат на приоритет ќе бидат комплетирани, со оглед на тоа што тие се нужно потребни за хируршката интервенција, по што итно ќе се утврди терминот за истата. Задоволни сме што поради лекувањето на Кили и на основа на наши уредни поднесоци, Судот редовно му обезбедува дозволи за посета на Клиничкиот центар. Здравствена состојба на Кили е лоша и може да кажам и дополнително влошена, особено по соопштувањето на наодите и лошите прогнози. Западнат е во депресивна психолошка состојба и растројство. Моја должност е како негов бранител, за оваа состојба да го известам Судот – изјавува адвокатот за Плсуинфо.

Кили беше уапсен септември годинава откако во помошните простории на неговата викендица беше пронајдена цела лабораторија за одгледување марихуана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top