Исланд во 2008 беше пред банкрот, но многу бргу излезе од криза. Експерти велат, бидејќи правела се различно од другите земји од ЕУ со економска криза. Исланд стана симбол на отпорот против глобалните антикризни мерки. По неколку години меѓународните институции признаа дека Исланд бил во право што со државни пари не ги спасуваше банките. IИсландскиот претседател,Олафур Гримсон, за Дојче Веле вели: ” има две причини за економскиот раст и ниската невработеност. Прво, рано приметивме дека не е само фискална туку и политичка, социјална па и судска криза“.
-И таму направивме реформи за поголема правда и механизми за одлучување. Второ, не се придржувавме до “традиционалните рецепти” за кризата. Оставивме банките да пропаднат. Зошто банките би се разликувале од други дејности? Тоа се приватни фирми кои ако премногу грешат мораат да банкротираат. Инаку им се сигнализира дека можат да одат во ризик кој ако успее наградата е царска, а ако не- плаќаат даночните обврзници. Воведовме контроли на трансакциите на капиталот, а за да го заштитиме нашиот социјален систем за што се обврзаа другите во ЕУ.Секако дека помогна и тоа што девалвираше круната, тоа беше вистински потег. Ние сме вон еврозоната. Од друга страна граѓаните учествуваа во социјалните и политички реформи, оставањето банките да банкротираат, се тоа ќе можевме и да бевме во еврозоната. И други можат да го применат нашето искуство. ММФ на завршување на антикризната програма за Исланд пред година ипол, призна дека многу научиле од исландското искуство – коментира тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.