| четврток, 6 декември 2018 |

Првата заедничка фотографија на семејството Тарчуловски

– Вечерва истекува пет годишната забрана од страна на Хашкиот затвор за необјавување на нашата прва заедничка семејна фотографија. Но тоа не значи дека некого треба да обвинуваме поради тоа. Напротив ние како семејство сме благодарни што ни дозволија во самиот затвор од страна и со помош на управата да ни се овозможи спомен фотографија после раѓањето на нашето синче Младен. Сите вие од самиот почеток сте со нас и затоа сакавме оваа фотографија да ја споделиме со нашите пријатели на ФБ. фамилија ТАРЧУЛОВСКИ – објавија Јохан и Соња Тарчуловски на своите фејсбук профили, објавувајќи нивна заедничка фотографија.

Јохан е единствениот Македонец осуден во Хаг. Република недамна објави дека е можно е да биде ослободен во март годинава. Ги исполнува сите правила на Хашкиот трибунал да биде пуштен на условна слобода, откако веќе одлежа 8 години од вкупно 12-годишната затворска казна. Тој беше осуден од судот во Хаг поради настаните во скопско Љуботен во 2001 година, кога во акција на македонските безбедносни служби беа убиени 10 цивили – Албанци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top