Жозе Мурињо полека ги расте своите млади ѕвезди. Кевин де Бруин веќе е во вториот тим поради тоа што не беше задоволен со минутажата која ја добива, а сега на ред дојде и уште една белгиска ѕвезда.
Еден Азар не играше во вчерашната победа против Шалке, а не ни беше на клупата за резерви.
– Еден не е повреден. Нема да ве лажам зашто не играше. Не дојде на клучниот тренинг, но тој сѐ уште е млад и затоа прави грешки. Мене ми беше жал што не играше, но победивме и без него. Беше тажен бидејќи знаеше дека нема да игра, но тоа не се почуствува во нашата игра – рече Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.