Белгискиот министер за одбрана Питер де Крем лобира меѓу членките на НАТО за да биде избран за нов генерален секретар на алијансата, тврдат медиумите во Брисел.
Де Крем е во Вашингтон, каде што, според дипломатски извори, имал неколку средби на кои се зборувало за изборот на наследник на Андерс Фог Расмусен на местото прв човек на НАТО. Белгискиот министер за одбрана изминативе месеци посетил повеќе земји-членки на НАТО, каде што, меѓу останато, лобирал и за неговиот избор за генерален секретар на алијансата. Сепак, според медиумите, при изборот на новиот прв човек на алијансата, главниот збор ќе го има Вашингтон. Изборот оицијално ќе се изврши на самитот на НАТО што ќе се одржи следната година во Велика Британија.
Белгиските медиуми посочуваат дека Де Крем е во предност пред останатите кандидати затоа што е министер за одбрана со најдолг стаж во НАТО и во ЕУ, од 2007 година, говори осум јазици, меѓу кои и руски, но и затоа што досега секогаш ги прифаќаше барањата за учество на Белгија во меѓународните воени операции на алијансата. Досега, своја кандидатура за генерален секретар на НАТО најави поранешниот еврокомесар и министер за надворешни работи на Итлија, Франко Фратини, а како потенцијални кандидати се споменуваат и шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски и германскиот министер за одбрана, Томас де Маезиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бегилските „жолти елеци“ со листа на барања кои ќе ги презентираат на протестот во сабота
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Во Белгија нема повеќе место за нови баратели на азил
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО


