Легендата на романскиот фудбал Илие Думитреску застана во одбрана на македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски откако десниот бек на Стеауа беше нападнат од тренерот Лаурентиу Регекампф дека е виновен за израмнувачкиот гол на Базел постигнат во 91. минута.
– Георгиевски беше во инфериорна ситуација соочен со двајца противници. Можеби требаше да остане на својата позиција, но во продолжението од акцијата го стигна ривалот. Не е виновен само тој, поголема грешка направи Ади Попа, кој требаше да им помогне на дефанзивците да се одбранат. Како и да е, вакви голови не смеат да им се случат на екипи од рангот на Стеауа, особено не во натпреварување во Лигата на шампионите – изјави Думитреску.
Неговиот став да застане во одбрана на Герогиевски, веројатно, нема да му помогне многу на десниот бек на македонската репрезентација да „преживее“ во Стеауа. Тој е на „пик“ на сопственикот Џиџи Бекали, а сега го налути и тренерот Лаурентиу Регекампф, кој го обвини Георгиевски дека е директен виновник за голот на Џовани Сио. Со неговиот погодок Базел се спаси од пораз, мечот заврши 1-1, а Стеауа драстично си ги намали шансите за пласман понатаму. Лидер во групата Е е Челси со 9 бода, Шалке има 6, Базел 5, а Стеауа е последна со 2 бода. До крајот на првата фаза во ЛШ има уште две кола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


