| четврток, 6 декември 2018 |

Скарлет: Порнографските филмови се корисни и за момците и за девојките

Глумицата Скарлет Јохансон во новото интервју говореше за својот нов филм „Дон Џон“ во кој се зборува за еден зависник од порнографски филмови и за неговата девојка, која дознава за неговата мрачна тајна.

Меѓутоа глумицата има слично размислување како главниот лик во овој филм и вели дека во порнографските филмови може да се ужива.

– Мислам дека во порнографските филмови, како и во сè друго, може да се ужива. Тие можат да им користат и на момците и на девојките – вели Скарлет.

Таа, сепак, додаде дека треба да постојат некои граници и дека не треба да се претерува во гледањето.

– Јас да дознаам дека моето момче гледа толку порнографски филмови, сигурно би била вчудоневидена – рече Скарлет.

„Дон Џон“ би требало својата премиера да ја доживее до крајот на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top