| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ навиваше за Бане Ивановиќ

Новак Ѓоковиќ, кој е познат како голем љубител на фудбалот, престојот во Лондон, каде што во моментов се игра последниот турнир на АТП сезонава, го искористи за да го посети „Стемфорд бриџ“, односно да го гледа мечот меѓу Челси и Шалке.

Најдобриот српски тенисер вчера немаше закажано натпревар, па слободното време го искористи за да му даде поддршка на српскиот интернационалец Бранислав Ивановиќ, но се чини дека натпреварот не му беше многу интересен, па беше фатен како му покажува нешто на мобилниот на неговиот пријател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top