| четврток, 6 декември 2018 |

Повлечено романско пилешко поради салмонела

Rosmarin

Над 55 тони пилешко месо се повлечени од продавници во Романија поради сомневање дека се заразени со салмонела, објави весникот „Евениментул зилеј“.

Пилешкото месо е повлечено од продавници во Букурешт и окрузите Прахова, Брашов и Сучава, нагласи на прес конференција денеска Владимир Минстирјану, претседател на Националната санитарно-ветеринарна служба.  Досега се уништени 22,5 тони месо на барање на инспекцијата.

Производител на месото во чии тестирани примероци е откриено присуство на салмонела, е компанијата Авикола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top