Четириесет и осум годишен маж паднал во водите на реката Дунав заедно со скелето на кое се наоѓал, додека го бојадисувал „Мостот на пријателството“ во романскиот град Гиургиу.
Полицајците и пожарникарите трагаат по работникот, кој ја бојадисувал металната конструкција.
– Мажот бил дел од поголема група работници, кои ја чистеле и бојадосувала металната конструкција на „Мостот на пријателството“. Од непознати причини скелето се откачило и тој паднал од него во водите на Дунав, каде исчезнал, изјави портпаролот на Окружниот полициски инспекторат во Гиургиу, Кристијан Шуца.
Според првичните информации, скелето паднало поради силниот ветер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.