| четврток, 6 декември 2018 |

Артан Груби: Нема предлог Словенско-албанска Република

Artan Grubi

Предлогот Словенско-албанска Република Македонија не беше спомнат на состаноците на Ахмети на дипломатската турнеја која ја презема од Вашингтон сè до Атина и сметаме дека сè додека овој предлог не е поставен на маса официјално од страна на грчкото Министерство за надворешни работи или другите грчки институции, не треба да служи како алатка за дефокусирање на јавноста од вистинскиот предлог кој е поставен од Нимиц, а тоа е Горна Република Македонија, изјавил за Радио Слободна Европа го изјави Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Овој предлог за кој одредени медиуми информираа дека бил ставен на маса на последната средба на преговарачите со медијаторот Нимиц, за Демократската унија на Албанците е обид за дефокусирање на јавноста од дебатата за предлогот Горна Република Македонија.

Според Груби „предлогот на Нимиц, како и преговорите, не задираат во идентитетот, не задираат во јазикот и „има простор да се седне меѓу двете страни и да се разговара за еден компромис”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top