Опозициониот СДСМ повторно во клинч со шефот на УБК. Според нив Сашо Мијалков ги потврдил нивните обвинувања.
Во нивното соопштение се вели:
„После канонадата напади, навреди и закани, Сашо Мијалков мораше да признае дека постојат сериозни разлики од имотот што го поседува, до оној што го пријавил во неговиот анкетен лист.
Сега на потег е Државната Комисија за спречување корупција да одлучи:
Дали ќе биде алиби и ќе се стави во улога на прикривач на имотната состојба и на Сашо Мијалков, или ќе го санкционира криењето на имотот на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.