| четврток, 6 декември 2018 |

Поништени изборите во северно Косово

g_izbori-kosovo-forweb

Изборната комисија во Косово соопшти денеска дека ќе ги поништи изборите во српскиот дел од Косовска Митровица кои беа прекинати по инциденти меѓу Србите.

– Изборната комисија прифати препораки да поништи избори во три изборни места во северна Митровица заради уништување на гласачки кутии за време на инцидентите, се вели во соопштение од Комисијата.

Датумот за прегласување доплнително ќе биде објавен. На локалните избори на 3 ноември во тој реон, толпа маскирани мажи го нападнаа персоналот и уништија изборен материјал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top