| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка се обиде да го продаде бебето за 400 евра на аеродром (ВИДЕО)

prodazba majka bebe

Државјанка на Туркменистан се обидела да си го продаде бебето за 400 евра, но безбедносните камери на меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул го снимија целиот настан.

Мајката на 4 месечното бебе живеела нелегално во Турција, а планирала да го продаде на жена од Германија. Размената на бебето ја извршиле во тоалетот, но кога Германката сфатила дека не може да го изнесе детето од аеродромот, случајот го пријавила во полиција.

На крај бебето ѝ било вратено на вистинската мајка, која била протерана од Турција во родниот Туркменистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top