Ниту еден селектор не успеа да ја однесе Македонија на едно големо натпреварување. Последната наша надеж беше Чедомир Јаневски, кој ненадејно се откажа од репрезентацијата и прифати работа во Белгија, во последниот клуб во тамошната лига.
Сега Фудбалската федерација на Македонија е во потрага по негов наследник, но и селектор кој би бил звучно име и би можел конечно да нѐ доближи до пласман на Европско или Светско, а не да се бориме за трето, четврто или петто место во групата.
Според пишувањата на весникот „Македонски спорт“, Германецот Лотар Матеус е сериозен кандидат за селекторската позиција. Легендата на Баерн Минхен и германската селекција во моментов е без ангажман, а во минатото седеше на клупата на Партизан, Рапид Виена, Салцбург и Макаби Нетања. Беше селектор на репрезентациите на Унгарија и на Бугарија.
Покрај Матеус, уште едно име се споменува како кандидат за клупата на Македонија. Тоа е Шпанецот Виктор Муњоз. Станува збор за познато фудбалско име од Шпанија и една од легендите на гигантот Барселона. Тој е понуден за селектор на Македонија и се приклучува во оваа битка во која сѐ уште и Македонците Бошко Ѓуровски и Тони Савевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.