| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена Розга го „мува“ синот на Тончи Хулиќ

За врската помеѓу 36-годишната пејачка од Сплит и 11 години помладиот син на познатиот хрватски музичар Тончи Хулиќ, веќе неколку пати пишуваа тамошните медиуми.

Меѓутоа, Јелена Розга и Иван Хулиќ, кои никогаш не ги потврдија гласините, конечно биле уловени од страна на хрватските папараци.

Тие викендот го поминале заедно во Загреб, а сѐ уште не се знае како на ова реагирале родителите на Иван. Тончи Хулиќ и неговата сопруга како текстописец, се автори на голем број од хитовите на хрватската пејачка.

Јелена Розга наскоро ќе настапи и во Македонија на доделувањето на радиските награди МАРС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top