| четврток, 6 декември 2018 |

Нарко зависник ограбувал низ цело Скопје

Разбојник од Скопје, извршител на повеќе тешки кражби, бил уапсен вчера од полицијата.

Станува збор за Е.С.(23) кој од од месец септември минатата година досега сторил дваесет  тешки кражби во куќи во скопските населби Шуто Оризари, Бардовци и Визбегово.  Тешките кражби ги вршел на тој начин што со помош на тврд погоден предмет ги отварал прозорите и влезните врати од куќите и потоа крадел техничка стока(телевизори, лап топови дигитални апарати, мобилни телефони, музички системи и др. ), која потоа ја продавал на граѓани. Стекнатите пари потоа ги употребил  за набавка на наркотични средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top