| четврток, 6 декември 2018 |

Леброн влегува во историјата

На синоќешниот натпревар против Торонто, кошаркарите на Мајами беа подобри од домаќините со резултат 104-95, а Леброн Џејмс стана петтиот играч во историјата на лигата, кој на 500 последни натпревари постигнувал двоцифрен број поени.

Кралот Џејмс натпреварот го заврши со 35 поени и 8 скока, и со тоа влезе во ексклузивниот клуб во кој пред него членови беа само четворица играчи: Карим Абдул Џабар, Мајкл Џордан, Карл Мелоун и Мозес Мелоун. Сите тие имаа серии од најмалку 500 натпревари со двоцифрен број на поени, а најдолгата ја имаше Џордан со своите 866 двоцифрени настапи во низа. Џабар имаше две серии, од 787 и 508 натпревари, Карл Мелоун имаше серија од 575, а Мозес Мелоун од 526 двоцифрени натпревари едноподруго.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top