Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во вторникот стана најдобриот стрелец во Лигата на шампионите во рамките на една календарска година.
Вчера Раел Мадрид ремизираше во Торино кај домаќинот Јувентус со резултат 2-2, а Роналдо го постигна израмнувачкиот гол на почетокот на второто полувреме. Тоа му беше осми гол во оваа сезона и 14. во календарската година, со што за еден гол го помина Лионел Меси.
– Многу сум среќен. Ова е еден од најдобрите моменти во мојата кариера. Се чувствувам одлично, навивачите ме бодрат, а тоа ми дава мотив да бидам уште подобар. Не сум опседнат со трофеи, тие доаѓаат сами по себе ако работите напорно и дадете сѐ од себе на натпреварите – вели Роналдо.
Кристијано Роналдо во оваа сезона во сите натпреварувања постигна 21 гол, а за тоа му беа потребни 16 меча.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.