Ресенчанец се здобил со повреди по целото тело откако трактор натоварен со дрва се превртел врз него.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, околу пладне Ј.Т. го пронашол својот 41-годишен брат Л.Т. под трактор на пат во ресенско со фрактура на главата, набиеници по телото и повреда на ногата.
Повредениот бил да собере огревно дрво, кога, на пат накај дома се случила несреќа и натоварената приколка се превртела и го згмечила.
Под приколката бил се додека неговиот брат го пронашол во тешка состојба, по што му помогнал да се ослободи.
Повредениот бил пренесен во Медицинскиот центар во Битола каде му биле контатирани тешките повреди.
Полицијата работи на откривање на причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)