Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар предложи да се избере нов претседател на Советот на Општината за да не се блокира работењето на Советот и функционирањето на Општината.
– Водејќи се од темелната заложба да се работи од интерес на граѓаните на Центар, наш заеднички интерес е да не се престане со работата на Советот и покрај објективната пречка која се јавува со судската постапка која се води против претседателот на Советот, Шиповиќ, поради сомневање за сторена злоупотреба од над еден милион евра.
Подготвени сме да поддржиме кој било предлог што ќе биде предложен од страна на мнозинството предводено од СДСМ и градоначалникот Андреј Жерновски – изјави Томислав Лазаров, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.
Со тоа, како што рече, се докажува дека интерес на советниците од ВМРО-ДПМНЕ се граѓаните кои заслужуваат Општина која ќе одговори на нивните барања и потреби, и се избива аргументот на СДСМ дека имаат за цел на нелегитимен начин, без избори да се обезбеди контрола врз Општината.
– За жал, Жерновски и мнозинството на СДСМ не го поддржаа овој наш предлог. Ова покажува дека тие работат на штета на граѓаните на Центар и посакуваат блокада која ја користат за манипулација и во нивното севкупно политичко дејствување – додаде Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)