Роже Федерер продолжува со порази во дуелите со Новак Ѓоковиќ, а стартниот на Мастерс купот во Лондон од 2-1 во сетови навестува дека тој не може да се надева на нова седма титула на завршниот турнир во тениската сезона.
Мечот во О2 арената во британската престолнина не мина без возбудувања бидејќи по водството на Ѓоковиќ по првиот сет (6-4), Швајцарецот имаше концентрација да се врати со добиен тај брејк (7-2)во вториот сет. Тој дел можеби им даде надеж на Федерер и на неговите фанови дека ќе ја прекинат неуспешната низа против Србинот започната во минатогодишното финале на Лондонскиот турнир, но Новак најдоброто го зачува за крајот. Тој во решавачкиот сет бриљираше, а со 6-2 го затвори мечот за прв триумф во групата Б, во која предходно Дел Потро го победи Гаске.
Утре во Лондон се играат партиите од првата група. Победниците од воведното коло Надал и Вавринка се борат за пласман во полуфиналето, а Ферер и Бердих кои веќе имаат по еден пораз се обидуваат да останат во конкуренција за завршниот квартет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


