Во четвртото коло од Лига на шампионите во групата Б во дербито што се одигра во Торино вечерва, Јувентус и Реал Мадрид одиграа нерешено 2-2. Екипите на Баерн, Манчестер сити и Реал Мадрид на две кола до крај обезбедија учество во осминафиналето.
Во Торино Јувентус поведе со голот на Артуро Видал од пенал во 42. минута. Во второто полувреме целосен пресврт на резултатот. Најскапите играчи во светот Кристијано Роналдо и Герет Бејл со по еден погодок во 52. и 60. минута го доведоа во водство Реал Мадрид. Љоренте го постави конечниот резултат 2-2 во 65. минута.
Со овој бод Реал Мадрид е сигурен патник во осминафиналето додека Јувентус грчевито ќе се бори во последните две кола бидејќи со победата на Копенхаген над Галатасарај од 1-0 се искачи на второто место со четири бода, заедно со Галатасарај. Јувентус е четврти со три бода.
Во групата А, Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед одиграа без голови, 0-0. Робин ван Перси утна пенал за екипата од Манчестер во 69. минута. Во оваа група и вториот натпревар заврши без голови. Шахтјор не успеа да го победи Баер Леверкузен и да го престигне на табелата. Во оваа група води Манчестер јунајтед со осум пред Баер со седум, Шахјтор пет и екипата на Сосиедад со еден бод.
Во групата Д, екипите на Баерн Минхен и Манчестер сити се сигурни патници во осминафиналето. Екипата од Минхен има максимален скор од 12 бода пред Сити, кој има девет. Баерн победи против Плзен на гости со 0-1, додека Манчестер сити ја торпедираше ЦСКА со 5-2.
ПСЖ ја пропушти шансата уште по четвртото коло да обезбеди пласман понатаму. Со нерешениот резултат во Париз, 1-1, му дозволи на Андерлехт да остане во шанса да се бори за третото место кое води во Лига на Европа. Вториот дуел се одигра во Атина, каде што Олимпијакос минимално, но заслужено ја победи екипата на Бенфика со 1-0 и успеа да собере седум бода и да се искачи на второто место на табелата зад ПСЖ, кој има десет.
Јувентус – Реал Мадрид 2-2 (Видал 42, Љоренте 65-Роналдо 52, Бејл 60)
Копенхаген – Галатасарај 1-0 (Братен 6)
Манчестер сити – ЦСКА 5-2(Агуеро 3, 20, Негредо 30, 51, 92-Думбиа 45, 71)
Плзен – Баерн Минхен 0-1(Манџукиќ 65)
Олимпијакос – Бенфика 1-0 (Манолас 13)
ПСЖ – Андерлехт 1-1 (Ибрахимовиќ 70-Дезеув 68)
All Goals Paris Saint Germain 1-1 Anderlecht… by Sport-Today-2014
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



