Во првото коло од групата А во рамките на Мастерс купот што е игра во Лондон во О2 арената шпанскиот тенисер Рафеал Надал екпресно му се реваншира на својот сонародник Давид Ферер со 2-0 (6-3, 6-2) во сетови по поразот во полуфиналето на Мастерс турнирот во Париз.
Надал лесно дојде до победата со освоени пет сервиси на противникот. Во првиот сет поведе Надал со 6-3 додека поубелдив беше во вториот сет кој заврши 6-2. Во оваа група уште играат Станислас Вавринка и Томаш Бердих. Во првиот дуел од ова коло Вавринка победи со 2-1.
Вечерва во групата Б ќе игаат Новак Ѓоковиќ и Роже Федерер кој е втор натправар во групата. Вчера аргетинецот Хуан Мартин Дел Потро го победи Ришар Гаске с 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



