| четврток, 6 декември 2018 |

Балетот „Пират“ на „Бољшој“ театарот на 17 ноември во „Синеплекс“

На 17 ноември (недела) со почеток во 17:00 часот ќе биде прикажан вториот балет од сезоната на театарот Бољшој. Станува збор за снимка од балетот „Пират“ кој беше изведен на сцената на театарот во 2012 година. Театарот Бољшој, Pathé Live и Cineplexx со гордост ви го претставуваат „Пират“, балет инспириран од истоимената поема на Лорд Барон од 1814 година. Овој балет за прв пат е создаден
во 1856 година за Париската опера и балет, од страна на Жозеф Мазилиер. Во 1858 година, Жул Перот ја презентираше својата верзија во театарот Бољшој, верзија во која танцуваше Мариус Петипа. Кога тој стана кореограф, Петипа беше одговорен за сите кореографии на Бољшој се до почетокот на 20те години. Во 2007та, Алексеј Ратмански и Јури Бурклава креираа нова кореографија
која опстана се до денес, како најраскошната од сите.
Станува збор за романтична приказна, сместена во егзотична средина, која ја претставува љубовта помеѓу робинката Медора и пиратот Конрад. Тој ја спасува од заробништво и отпловува заедно со неа кон неговиот брод. Балетот е базиран на мотивите од поемата на Лорд Барон и е исполнета со прекрасни варијации на танци вклучувајќи го и фамозниот pas de deux помеѓу пиратот и Медора, но и
импресивни сцени на борба меѓу пиратите. Ова еден од најраскошните балети кој вклучува дури 120 изведувачи на сцената. Балетот е класична реконструкција на историската верзија на Петипа со раскошна сценографија и робустни историски костими. Тој беше реконструиран од страна на креативното дуо Алексеј Ратмански, кореографски гениј; и Јури Бурлака, специјалист во реконструкциите на историски танци.

Сезоната на Бољшој 2013/14 за прв пат ќе биде прикажана на големото платно во киното Cineplexx. Пет извонредни балети исклучувајќи четири премиерни продукции, Pathé Live и најдобрата светска балетска компанија ќе ни ги приближат најспектакуларните, богати и разновидни класични изведби на кино платното. Во организација на Cineplexx и Комерцијална Банка – нашиот партнер на Бољшој Балетите, љубителите на балетот ќе можат да уживаат во изведбата на најдобрите балетски
танчери во светот. Глобално најуспешната серија на балетски преноси во кината, Бољшој балетот во живо, за оваа сезона 2013/14 ни подготви смела и раскошна програма која ја рефлектира различноста на најголемите балети во светот. Сезоната започнува со симболот на Бољшој балетот – прекрасниот епски херој „Спартакус“, прикажувајќи ја легендарната машка танцувачка техника на компанијата.
Популарните класични балети на Петипа од 19от век се презентирани преку балетот „Пират“. Во „Бесценети камења“ на Бланчин ќе ги видиме изведувачите со своја изворедна кореографија во американски стил. „Загубени илузии“ е долготраен балет на најголемиот современ руски кореограф, талентираниот Алексеј Ратмански; а преку Шостакович и неговата „Златно Доба“, Бољшој балетот
повторно го оживува балетот кој беше забранет и цензориран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top