| четврток, 6 декември 2018 |

Чековски по вторпат стана татко: доби уште еден син!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ѓорѓи Чековски вчера стана татко по вторпат, неговата сопруга повторно роди син. Раѓањето на синот треба да биде мотив плус за Чековски, кој и така важи за еден од најборбените и секогаш мотивирани кошаркари.

На крилниот центар на МЗТ работната недела му почна позитивно и весело, а сигурно желба му е тоа да продолжи и утре во натпреварот против Калев во Еврокупот и во наредниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top