| четврток, 6 декември 2018 |

СМК предлага голем крст во Аеродром

krst

Во рамки на одбележувањата на 2000-годишнината од христијанството, Светскиот македонски конгрес достави инцијатива со идеен проект до Општина Аеродром за изградба на македонски православен крст висок 33 метри.
Се предвидува крстот да биде монтажен, висок 33 метри, колку што живеел Исус Христос, и да се постави во близина на средното училиште „Марија Кири Склодовска“, меѓу булеварите „Трета македонска бригада“ и „Србија“.
„Крстот не е ниту конспирација, ниту провокација, туку културна афирмација. Крстот не е антиисламски симбол, туку дел од културата на Македонија. Крстот има право на простор во Македонија затоа што Македонија е основата на христијанството во Европа. Во Македонија, во градот Филипи, од светиот Апостол Павле е покрстена првата христијанка во Европа, Македонката Лидија“, пишува во соопштението од Светскиот македонски конгрес.
Главниот проект ќе биде доставен до Општината Аеродром до крајот на годинава, а крстот ќе биде подигнат во рок од 60 дена од добивањето на дозволата за градба.
СМК очекува предлог-одлуката за подигање на крстот да биде усвоена на првата наредна седница на Советот на општина Аеродром и набргу да биде издадена дозволата за градење. Оттаму најавуваат дека крстот ќе се гради со донации од земјава и од странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top