| четврток, 6 декември 2018 |

Челси и „Адидас“ со заеднички влог од по 150 милиони евра сакале да го „грабнат“ Меси од Барселона

Челси е клубот кој со помош на „Адидас“ сакал да го „грабне“ Лионел Меси од Барселона, а заедничкиот влог во договорот на англискиот клуб и реномираниот спортски производител бил по 150 милиони евра.

Точно 300 милиони евра тежи клаузулата за заминување на Меси од Барса, но веќе договорениот чин за купопродажба на Аргентинецот ова лето го спречи самиот фудбалер. Еден од најдобрите играчи на планетата не сакал ни да чуе за заминување од „Камп ноу“, па целата работа пропадна.

Интересно во целата приказна е што спонзор на Барселона е „Најк“, па целта на „Адидас“ била да го префрли Меси во еден од трите клуба што ги спонзорира, Челси, Реал Мадрид или Баерн Минхен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top