| четврток, 6 декември 2018 |

11 месеци во затвор за надрилекарката од Кавадарци

На 11-месечна затворска казна е осудена надрилекарката Љубица Каревска од Кавадарци. Судот ја прогласи за виновна за трите кривични дела за кои беше обвинета: фалсификување на исправа, измама и надрилекарство.

Пред седум месеци Канал 5 откри дека во Здравствениот дом во Кавадарци работи лекарка со фалсификувана диплома на Медицинскиот факултет и лажна лиценца на Лекарската комора на Македонија.

Тогаш Каревска беше експресно отстранета од работното место. Следеше истрага која покажа дека 27-годишната девојка неколку месеци работела во службата на Итната помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top